Поранешниот министер за финансии, Хајредини откри како преку плаќање 2.000 административци кои не одат на работа Заев плаќа 20.000 гласови на коалициониот партнер ДУИ

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 10:02

Заев да престане да ги плаќа Албанците да гласаат за Ахмети

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за финансии во првата влада на СДСМ и Бранко Црвенковски, Хајредини со барање до премиерот Заев да престане да му ги плаќа гласачите на Али Ахмети.

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, на конференцијата „За општество ослободено од корупција“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода истакна дека оние коишто планираат да се занимаваат со борба против корупција треба да имаат предвид две работи:

Прво не им верувајте дека се борат против корупцијата оние кои што се најгласни, кои до сега не биле во позиција да бидат корумпирани. Второ, кога луѓето сакаат да дискутираат за нешто најчесто имаат проблем да бидат конкретни. 

Хајредини потсети на една порака на американскиот амбасадор Џес Бејли од пред две години порачал „Укажувам на тоа да ја гледате корупцијата во редовите на сегашната Влада“.

Хајредини вели дека ништо од тоа неговото укажување не се оствари.

Ноторна корупциска, политичка и економска грешка е господине Заев да продолжиш од буџетот на државата без никаков законски основ да ги плаќаш гласачите на твојот коалиционен партнер.

Да им ги праќаш парите дома.

Затоа што тие 2.000 луѓе на кои секој месец им стигаат пари, не се ни тука, а со себе носат минимум 20.000 гласачи. Тоа е невидена коруптивна дејност. – заклучи Хајредини.

*Хајредини завршил на Економскиот факултет на УКИМ. Работел како новинар во главниот косовски весник на албански јазик „Коха Диторе“. Одделно работел и како политички аналитичар во домашни и меѓународни списанија и бил уредник на аналитичкото списание „Косова енд Болкан Обзервар“.

Во периодот од 1992 до 1994 година бил Министер за финансии на Република Македонија. Во 2008 година станал претседател на коалицијата „Македонија без корупција“, во која влегле 18 невладини организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести