Иако на кратко, сепак како што вели искрено одговори на прашањата поврзани со Преспанскиот договор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 февруари, 2020 10:37

Заев: Два часа бевме сами со Ципрас, и си ја отворивме душата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во шоуто „Еден на еден“, со Жарко Димитриески, премиерот Заев буквално си ја отвори душата.

Иако на кратко, сепак како што вели искрено одговори на прашањата поврзани со Преспанскиот договор.

Зоран Заев во емисијата откри и дека тринаесет години по ред Новата година ја чекал во заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби.

Заев се присети на средбата со Ципрас, кога сами два часа разговарале и сватиле дека всушност и Грција и Македонија сакале да го решат долгогодишниот проблем.

„Бевме сами со Ципрас два часа и тогаш ја отворивме душата. Тука сфативме дека имаме желба за решавање. Тогаш Ципрас искрено ми рече: Зоран, името треба да биде сложено и да има географска одредница во него. Јас го прашав: Ципрас, како се чувствуваш ти. Тој ми рече дека се чувствува како Грк. Епа, му викам, остави ме да сум Македонец“, истакна Заев.

Во  „Еден на Еден“ Заев на Жаре му раскажа многу моменти од приватниот живот. Заев во емисијата откри дека живее сам во Скопје.

„Живеам како студент од Струмица во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да спржам – се пожалил Заев.

Жаре изненаден од одговорот го прашал како се храни, на што Заев рекол: „Јадам што ќе најдам во фрижидерот, паштета, салама, виршли“! 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.