Премеирот Зоран Заев на својот Фејсбук профил посвети статус во чест на роденденот на Гоце Делчев, за кого при тоа не напомена дека е македоснки херој.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 февруари, 2020 12:34

ЗАЕВ: Заев смета дека Гоце Делчев ќе беше горд што сменивме име?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

И покрај тоа што целата македонска нација го чествува и почитува ликот и делото на Гоце Делчев, кој бил македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. 

 

Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија,[5] идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
Поранешниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил посвети статус во чест на роденденот на Гоце Делчев, за кого при тоа не напомена дека е македоснки херој.

-Денес, на 4 февруари, на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се сеќаваме и величаме еден од најмаркантните херои на македонската државност. Делчев со својата посветена борба и револуционерна активност ги отелотвори идеалите на слободата и социјалната правда, кои денес се длабоко вкоренети во нашата државнотворна традиција. Неговата визија денес станува мост кој нѐ поврзува со другите народи во заедничките напори за обединета Европа, напиша Заев.

Тој вели убеден е дека Делчев и другите револуционери се горди на она што денес е Македонија.

Убеден сум дека Делчев и револуционерите од тој период се горди на нашето денешно остварување кога ја направивме нашата земја членка на НАТО и кога сме на чекор до поканата за старт на преговори со Европската Унија. Во име на разбирањето и соработката меѓу народите, Гоце Делчев нѐ поврзува и во чест на таа идеја денеска се поклонуваме на гробот на великанот во црквата „Свети Спас“, напиша Заев на Фејсбук

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.