На 8 септември 1991 година, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 септември, 2019 11:08

ЗАЕВ: „Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев на Твитер упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија.

На 8 септември 1991 година, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина треба да ги паметиме и да ги носиме со нас секогаш кога ќе се соочуваме со искушенија и опструкции на нашиот пат. Тоа се нашите бои, боите на независноста и на слободата. Така се слави Денот на независноста.

Нека е вечен Денот на независноста. Да живее Република Северна Македонија. – напиша премиерот Зоран Заев во својата честитка до граѓаните.

Република Македонија денеска одбележува 28 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести