Вечерва исто како и на првата полуфинална вечер, десет претставници ќе влезат во финалето кое ќе се одржи во сабота, кога и ќе биде избран победникот.

Објавил: admin@magazin | 16 мај, 2019 19:51

ЗАЕВ: ДИЈАСПОРО ГЛАСАЈТЕ- сите Македонци да ги стискаме палците за Тамара Тодевска!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Вечерва сите Македонци да ги стискаме палците за Тамара Тодевска, која ќе настапи под реден број 17, а нејзини придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

Тамара Тодевска настапува по четврти пат на Евровизија, но овој пат првпат ќе се појави сама на сцената како солист. На Евросонг ќе учествуваат 41 земја, а покрај домаќинот Израел, пет земји (Франција, Италија, Германија, Шпанија и Обединетото Кралство) имаат директен пласман во финалето. 

Премиерот Зоран Заев на својата официјална Фејсбук страница ја поддржа нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска.

Навиваме денеска за Тамара и ѝ ја посакуваме целата среќа, како наш претставник на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел. Се надевам сите ќе нѐ направи горди или како што самата кажува во песната, „Raise your voice and say it loudly – I am #PROUD“ (Кренете го вашиот глас и кажете гласно – Се гордеам).
Ја повикувам македонската дијаспора да ја поддржи Тамара и да гласа за број , на втората полуфинална вечер, која ќе започне вечерва во 21:00, напиша Заев.

Вечерва исто како и на првата полуфинална вечер, десет претставници ќе влезат во финалето кое ќе се одржи во сабота, кога и ќе биде избран победникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Дали Андреа заслужено ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022?

Вчера вечер беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа...