„Едно од добрите нешта кое што им се случи на нашиот народ и на нашата земја е 1ТВ.

Објавил: admin@magazin | 30 март, 2019 11:59

Заев: „Едно од добрите нешта што случи на народот и на нашата земја е телевизијата од БОКИ 13 !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, со честитка по повод роденденот на 1ТВ. Тој рече една од добрите работи што им се случи на нашиот народ и држава е 1ТВ, која е во сопственост од Боки 13 !

Тој во честитката за телевизијата рече сака да апелира, честитајќи го овој прв роденден на 1ТВ, да продолжат во тој дел, да ги охрабри дека ќе има се повеќе можности во државата за да бидат дополнително мотивирани тие што работат и создаваат, а тоа се новинарите, но и уредниците и сопствениците на самата телевизија. 

Премиерот изјави дека сето тоа е од неопходна, драгоцена важност за иднината на нашата земја Република Македонија.

-Сакам да апелирам, честитајќи го овој прв роденден на 1ТВ, да апелирам да продолжат во тој дел, да ги охрабрам дека ќе има се повеќе можности во државата за да бидат дополнително митивирани тие што работат и создаваат, а тоа се новинарите, но и уредниците и сопствениците на самата телевизија.

„Едно од добрите нешта кое што им се случи на нашиот народ и на нашата земја е 1ТВ. Со својата новина, шареноликост, разноликост која што зрачи, навистина ги збогатува содржините во сите наши домови.
-Дури и за нас политичарите знае и добро да мавне, а знае и да го испрезентира тоа што е добро за граѓаните и државата. Јас верувам дека ќе продолжи вака да му пркоси на тешкото време за медиумите пред се од финансиски аспект, знаејќи дека доаѓа подобро време.
-Ние сме свесни дека медиумите со сите свои професионални аспекти, пред се на сите оние звучни имиња кои што провејуваат и во овој нов медиум во нашата земја, 1ТВ заслужува да си го најде местото под сонцето, заради тоа што не само што нови нов квалитетен начин живеење општо во Република Северна Македонија, туку продуцира и кај другите медиуми, дополнителен позитивен притисок да го зголемуваат својот квалитет.
-Убавината која што остава впечаток кај мене е тоа што не штедат средства и ресурси за да создадат нешто ново, да го збогатат секојдневието на граѓаните кои што, знаеме дека во нашата земја во голем процент сакаат да ги следат медиумите.
-Сакам да апелирам, честитајќи го овој прв роденден на 1ТВ, да апелирам да продолжат во тој дел, да ги охрабрам дека ќе има се повеќе можности во државата за да бидат дополнително митивирани тие што работат и создаваат, а тоа се новинарите, но и уредниците и сопствениците на самата телевизија. Убеден дека сето тоа е од неопходна, драгоцена важност за иднината на нашата земја.
-Без седмата сила, без сериозни медиуми, не можеме да кажеме дека имаме слобода и демократија.
-Среќен прв роденден 1ТВ, ви посакувам само успех и задоволство во работењето“, вели Заев во честитката.

Во етерот пред една година со работа започна новиот медиумски проект “1ТВ”, на чело со Бојан Јовановски попознат како Боки 13-ка.

Главен уредник е Боки, додека останатиот дел од екипата се долгогодишните новинари Ацо Кабранов, Христијан Стојчевски, Гордана Дувањак, Анета Кочишки како и познатата пеачка и актерка Тијана Дапчевиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести