Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседател на Европскиот совет Шарл Мишел и за јавноста обелодени дека токму една од точките насредбата била и законот за јавно обвинителство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јануари, 2020 14:43

Заев: Законот за јавно обвинителство ќе се донесе до 11 февруари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Екс-премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ, денеска најави дека можно е да се донесе Законот за јавно обвинителство до 11 февруари.

Шанса да се донесе Законот за јавно обвинителство постои и тој ќе се донесе до 11 февуари, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претседател на Европскиот совет Шарл Мишел и за јавноста обелодени дека токму една од точките насредбата била и законот за јавно обвинителство.

-Дали ќе има двотретинско мнозинство или нема да имаме ќе видиме на крајот. Мислам должни сме према државата. Должни сме према државата да го ставиме на изјаснување. Дотогаш да направиме се, дај боже да има 80 и повеќе би бил најсреќен ако има консензус. Силна порака е за имплементација. Но, работиме и верувам дека можеме успешно да стигнеме со неопходното двотретинско мнозинство за овој закон. Така што, никој не може да каже ништо, ние сме само со позитивно очекување. Зошто сум позитивен јас, значи ако некој сака да најде маана ќе најде маана. Нема потреба, нема веќе СЈО, тоа е завршено, нема потреба да се бараат рачки во самиот закон заради тоа што ги нема. Се што на некој му смета, а е во духот на европската агенда немаме проблем ние тоа да го прифатиме, така што верувам дека може да се постигне решение, истакна Заев.

Откако вчера пропадна средбата за Законот за Јавно Обвинителство, а од власта најавија дека тие ќе бараат 80 пратеници и дека ќе преговараат независно од ставот на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи и Кристијан Мицкоски.

Проблемот кај оваа власт и со овие луѓе е што никогаш не ги интересира супстанцата, туку се се сведува на бројка. И тоа е практично навреда и за општеството и за граѓаните, но и за политичарите кои што ќе одлучат да го поддржуваат овој пристап нумерички, емпириски за вакви суштествени прашања. Инаку што му претходеше на она фијаско од вчера, претходеше наш предлог да се одржи состанок на тие работни групи за да може да се дискутира околу ново стариот предлог на текстот по законот за јавното обвинителство, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести