Лидерот на СДСМ, не откри каде ќе летува годинава, но со оглед на пандемијата од коронавирус која владее најверојатно летото ќе го помине во Македонија, или пак во Албанија, бидејќи границите ни се отворени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јули, 2020 16:52

Заев заминува на одмор: Со семејството ќе одмараме- за Влада ќе разговараме после 2 август

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од утре ќе оди на одмор. Тој за “Фокус” ја потврдува информацијата, а од СДСМ претходно информираа дека владината коалиција ќе биде формирана по Илинден.

-Со семејството ќе одмараме неколку дена, изјави Заев за “Фокус”, без да ја открие летната дестинација.

Лидерот на СДСМ, не откри каде ќе летува годинава, но со оглед на пандемијата од коронавирус која владее најверојатно летото ќе го помине во Македонија, или пак во Албанија, бидејќи границите ни се отворени.

По враќањето, Заев ќе треба да се посвети на дефинирање на владината коалиција.

-Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија. Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите.
После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ, информираа од СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.