-Не можам да бидам задоволен, бидејќи не ми се задоволни ниту граѓаните.

Објавил: Перо Милчин | 15 декември, 2019 14:31

ЗАЕВ: Зарем крварев за да се договорам со некој тајно?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев во интервју за Нова ТВ негира дека постојат тајни договори меѓу партиите за спас на обвинети и осомничени поранешни и актуелни функционери.

Премиерот Зоран Заев во интервју за Нова ТВ зборуваше за реформите во правосудството, но исто така и одговара и на критиките дека народот е разочаран што правда во Македонија се уште нема.

Тој верува дека правдата ќе биде задоволена, дека секој што се огрешил ќе си сноси одговорност. 

-Не можам да бидам задоволен, бидејќи не ми се задоволни ниту граѓаните. Но, сериозни процеси се отпочнати, одредени пресуди се конечни и правосилни, за дел има првостепени пресуди…

Верувам дека правдата ќе биде задоволена, дека секој што се огрешил ќе си сноси одговорност. И додека дишам нема да дозволам било што да измрда, затоа што нашето почитување на правните процедури е израз на тоа какви сме сите. Јас верувам дека сите овие процеси на крајот ќе ја потврдат вистината која што беше главната инспирација на нашиот револуционерен народ, кога се дигна и го крена гласот, вели Заев.

На прашањето дека сите се убедени дека постои договор меѓу партиите за да се заштитат од кривичен прогон оние кои имааат политичка закрила, премиерот вели:

-Зарем крварев за да се договорам со некој тајно? Семејството ми беше под закани целиот период, и уште многу други семејства беа под закани, за да тајно да се договарам, со кој, со бегалецот Груевски да се договорам, со Сашо Мијалков да се договорам? Може да се договорам само со мојот народ да заживее правда, и секој да понесе одговорност, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...