Ги информирав медиумите дека со мојот колега Мицотакис денеска ќе разговараме како да поттикнеме поширока соработка за подобра и попросперитетна иднина за граѓаните од нашите две земји, потенцираше премиерот!

Објавил: Владо Марин | 16 септември, 2020 9:31

Заев за грчките медиуми: Граѓаните во Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претставниците на медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Република Македонија и за постизборниот период, за време на дводневната работна посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“, изјави премиерот Зоран Заев!

Во интервјуата за електронското издание на Си-еН-еН, за Топ Ченел од Тирана, за Та Неа, за Мега ТВ од Атина, за грчката програма на Еуроњуз, како и за други медиуми, истакнав дека граѓаните во Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми, но кои се добри и од огромно значење за подобра иднина на земјата и граѓаните, рече Заев!

Претставниците на медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Република Македонија и за постизборниот период, за време на дводневната работна посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“, изјави премиерот Зоран Заев!

Решавањето на отворените прашања дополнително го поттикна интересот на бизнис заедниците за поголема и подинамична соработка.

Како политичари должни сме да овозможиме развој на заедничките бизнис иницијативи и инвестиции.

Заев рече дека уште еднаш се уверил дека постои огромен интерес на сериозни и големи компании од Грција да соработуваат и да иницираат инвестиции од интерес на граѓаните на двете земји.

Ги информирав медиумите дека со мојот колега Мицотакис денеска ќе разговараме како да поттикнеме поширока соработка за подобра и попросперитетна иднина за граѓаните од нашите две земји, потенцираше премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.