„Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија.

Објавил: admin@magazin | 21 март, 2021 17:26

Заев за изборите во СДСМ: Испишуваме историја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Македонија токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни внатрепартиски избори, порача партискиот лидер и премиер Зоран Заев, кој единствен кандидат за уште еден четиригодишен мандат.

„Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија.

Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ“, напиша Заев на фејсбук, откако и тој го искористи правото на глас.

Гласаат вкупно 68 999 членови во над 200 избирачки места во 80 општински организации на партијата. Во услови на пандемија поради Ковид 19 од избирачките одбори тврдат дека се почитуваат здравствените протоколи, а речиси половината од партиското членство гласало до пладне.

На внатрепартиските избори гласаа и партиските функционери. на своите Фејсбук профили статуси споделија и министерот за здравство Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...