Владата проектира удвојување на економскиот раст, од просечна стапка од 2-2,5% во изминатите 10 години да се стигне до 4-5% раст во наредниот период.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 декември, 2020 21:52

Заев за македонското издание „Економист“: Градиме општество на здрави темели со стратешко планирање и искористување на сопствените ресурси

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Човечкиот капитал, квалитетот на секој поединец во својата област, дополнително сакаме да го издигнеме како највисока општествена вредност. Добриот кадар во сите области, здравство, образование, социјала, кадарот во сите економски дејности, како и во култура, спорт треба да биде мотивиран и високо ценет. Успехот на секој поединец е и национален успех“, истакна премиерот Заев во интервју за годишното издание „Светот во 2021-та“ на угледниот британски магазин „Економист“, кој третпат излегува на македонски јазик.

Премиерот во интервјуто зборуваше за владините политики и фокусот на економијата за севкупен општествен развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните. 

Во таа насока, премиерот Заев нагласи дека за сето тоа да се спроведува на здрави темели, потребно е стратешко планирање и искористување на сопствените ресурси.

Идната година, после две децении одлагање, ќе го спроведеме пописот за општо добро и за планирањето на развојот на државата. Државниот завод за статистика непречено ги извршува сите подготовки за организирање на пописот во април 2021 година според меѓународните прописи и стандардите на ЕВРОСТАТ како статистичка операција која е важна за државата и граѓаните“, рече премиерот Заев.

Осврнувајќи се на КОВИД-19 и глобалната економија, премиерот Заев потсети на низа мерки за ублажување на последиците од здравствено-економската криза и дека најголем ефект е постигнат со мерката за скалесто субвенционирање на плати  и бескаматните кредитни линии.

„Владата од март, од почетокот на КОВИД кризата, креираше четири пакети мерки, вредни 1,2 милијарди евра, за поддршка на компаниите и на граѓаните, кои се надоврзуваа еден на друг и ги рефлектираа реалните потреби на сите категории на граѓани и на стопанството. Со нивната имплементација се обезбеди сигурност и ликвидност на компаниите и се задржаа максимално можно работните места, се обезбеди одржлива домашна потрошувачка, која зафаќа најголем процент од бруто домашниот производ“, одговори премиерот Заев и потенцираше дека влезот во НАТО носи забрзан раст на инвестициите, раст на економијата и намалување на невработеноста, со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите ќе бидат видливи.

Владата проектира удвојување на економскиот раст, од просечна стапка од 2-2,5% во изминатите 10 години да се стигне до 4-5% раст во наредниот период.

Целосното интервју за „Економист“ може да го прочитате на овој линк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...