Во врска со случајот „Рекет“, Заев оценува дека по заокружувањето на истрагата преку обвинителниот акт, целиот случај ќе остави впечаток на доверба кон институциите и политичарите.

Објавил: admin@magazin | 29 септември, 2019 17:44

ЗАЕВ: „За мене е важна економијата во Македонија, тоа значи колку инвестиции толку повисоки плати„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во интервју за ТВ магазинот „Детектор“ рече дека моментално не се потребни предвремени избори во земјава.

Премиерот во интервјуто за ТВ магазинот Детектор за случајот Рекет рече дека по заокружувањето на истрагата преку обвинителниот акт, целиот случај ќе остави впечаток на доверба кон институциите и политичарите.

„Заради тоа што, навистина претставува случај каде што недвојбено без резерва на било кој, се става силен печат на независноста на правосудниот систем во овој случај на Јавното обвинителство, растоварен од било какви притисоци да истера истрага за вака висока корупција“, вели во интервјуто премиерот додавајќи дека самиот факт што има обвинител во притвор и сопственик на медиум, претставува сериозна порака дека институциите не прават разлика, и сите за кои постојат индиции за инволвираност во одредени кривични дела треба да одговараат.

„Потребно е конечно нашата земја да истрае еден цел мандат, да заокружи политики, да исполни ветувања, политиката кон граѓаните, да се направи убав пресек, па потоа да се оди на избори. Навистина како политичка партија и политичка гарнитура, донесовме сериозни храбри одлуки, искрено верувајќи дека тие одлуки на крајот на денот значат економски стандард“, рече премиерот Заев.

„За мене тоа е многу значајно заради тоа што веднаш, дури и како правна држава, тоа значи економија. Тоа значи инвестиции, тоа значи повисоки плати, тоа значи економски стандард, сето тоа е поврзано во севкупниот амбиент на создавањето на поволна клима за живеење во нашата земја“, посочи премиерот.

Премиерот нагласи дека верува Европската Унија и НАТО и правната држава и економските резултати со заокружен мандат, ќе донесат позитивен резултат за оваа владејачка гарнитура која што имаше храброст, за разлика од сите други претходни, да донесе храбри одлуки за сите граѓани на земјата“.

„Секако тоа е процес, се случува дури и во европски земји денеска. Во Полска, Унгарија и многу други земји таа е општа дебата, но јас сум задоволен со интензитетот на така да го кажам унапредувањето на севкупните услови во Република Северна Македонија.Единствено не сум задоволен со интензитетот на правната држава. Таа мора да биде побрза, враќањето на довербата во правната држава и правдата сеопшто. А, судиите и обвинителите мора да се одважат и да носат исклучиво одлуки согласно закон и по сопствено убедување и побрзо. Затоа што, тоа доцни, доцни, се одложува, а граѓаните се нетрпеливи. Како за случаите за СЈО, така и за „Рекет“, така и за било кои други случаи. Вредно е час поскоро, ден поскоро се носат одлуките за да може граѓаните да ги добијат сите вистини кои што ги очекуваат“, изјави премиерот Заев во интервјуто за „Детектор“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...