Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2020 17:18

Заев за обвинувањата од Боки 13: Бојан лаже зошто ги одбив сите барања да му помогнам!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Откако Врховниот суд денеска донесе одлука за казна затвор од девет години за првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, тој посочи дека парите всушност завршиле кај поранешниот премиер на државава и лидер на СДСМ, Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев.

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски денеска беше осуден на девет години казна затвор…
(ФОТО ЛОКАЛНО.МК)

Во изјава за “Фокус”,  лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека Боки 13 јавно лаже поради одредени лични причини кои ги има со него.

-Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор.
Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како Рекет и се добро познати на јавноста, сепак Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес, изјави Заев за “Фокус”.

Тој додава дека продолжува да се бори за правдата.

-Јас се борев и продолжувам да се борам за владеење на правото. Јас се борев и продолжувам да се борам законот да важи еднакво за сите, непристрасно да одлучува правосудството без разлика за кој се работи и секој што се огрешил пред законот да си одговара.
Истовремено сите закани за некаква моја комуникација со Бојан Јовановски кои ги достави до највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ токму неговиот адвокат, преку посредници, очекувам да се објават и уште еднаш да види јавноста која е вистината, дека мојата и определбата на СДСМ за правна држава се без компромисни и никакви закани или вакви лажни изјави нема да не одвратат од определбата за одговорност на секој кој се огрешил пред законите, вели Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести