Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години, наведе Заев во објавата“, вели Заев!

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 декември, 2021 5:40

Заев за оставката: Ми беше огромна чест што можев да служам на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот во заминување го известил собранискиот спикер дека нема да ја образложи усно оставката пред пратениците!

Откако вчера попладне во Собранието ја достави оставката од премиерската функцијата, Зоран Заев тоа го објави и на својот Фејсбук профил.

„Демократијата значи и одговорност. Со мојата оставка, преземам одговорност и оставам пример за граѓанската должност на идните лидери, но и давам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на државата.

Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години, наведе Заев во објавата“, вели Заев!

Тој им се заблагодари на пратениците во Собранието, овој и претходниот состав, на членовите на двата состави на Владата за време на неговите мандати и на граѓаните на нашата држава, и им посакува благосостојба и просперитет на сите наши граѓани, на сите заедници и на целиот наш народ.

Се очекува неговата оставка уште денеска да биде констатирана, на почетокот на новата собраниска седница (за пратенички прашања).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.