На семејството на Енвер и на неговите најблиски и пријатели, со надеж дека овие зборови ќе им бидат утеха, им упатувам искрено сочувство во мое име и во име на Владата на Република Македонија.

Објавил: Владо Марин | 1 декември, 2020 13:00

Заев за смртта на Малиќи: Загубивме еден од нашите најистакнати и влијателни стопанственици

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук се прости со заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи кој денеска почина поради компликации со вирусот Ковид-19!

Со искрено жалење ја примив веста за смртта на Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Град Скопје, бизнисмен и сопственик на една од најуспешните компании во земјата – „Гемак трејд“.

Со загубата на Енвер Малиќи, загубивме еден од нашите најистакнати и влијателни стопанственици и угледен член на бизнис заедницата. Загубивме сограѓанин кој беше неуморен и секогаш подготвен на нови предизвици, кој со својата самопрегорна работа водеше успешни деловни потфати и надвор од границите на нашата земја.

На семејството на Енвер и на неговите најблиски и пријатели, со надеж дека овие зборови ќе им бидат утеха, им упатувам искрено сочувство во мое име и во име на Владата на Република Македонија.

Нека почива во мир, напиша премиерот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести