Во овој предмет обвинет е и поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски. Никола Груевски не е на листата и за него истрагата е прекината откако побегна во Будимпешта.

Објавил: Перо Милчин | 27 ноември, 2020 15:38

ЗАЕВ ЗА 27 АПРИЛ: ВЕЉАНОСКИ, РИСТОВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ НЕ СЕ ОРГАНИЗАТОРИ НА НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

Фото/Текст извор: ©24mk

Никола Груевски бил главниот организатор на 27 април, а не Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски, сведочеше премиерот Зоран Заев во судница. Тој имал сознанија дека овие обвинети се изманипулирани Груевски. Делото против нив е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, пренесува 24Мк!

– Како упатен и информиран како претседател на најголемото мнозинство не мислам дека овие луѓе се главните организатори. Според мои сознанија тиое се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски и според мене како жртва должен сум да ја зборувам вистината не навлегувајќи во нивните чувства. Не е коректно за правниот систем да се води ваква постапка. – изјави Заев.

Какви сознанија има премиерот Заев и зошто после три ипол години од собранискиот упад прв пат изнесе ваков став остана енигма. Си замина од судот без одговор за јавноста. Не знае ниту обвинителката Вилма Русковска, која не се согласува дека обвинетите биле изманипулирани. 

Изненадени се и обвинетите, но по оваа изјава очекуваат предметот да падне.

Во овој предмет обвинет е и поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски. Никола Груевски не е на листата и за него истрагата е прекината откако побегна во Будимпешта.

Првиот случај во кој беа пресудени 211 години затвор е во Апелација од каде што се очекува да се одлучува по жалбите на обвинетите, меѓу кои и Митко чавков, кој доби највисока казна од 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.