Истрагата мора да ги открие сите детали, пишува премиерот Заев.

Објавил: Перо Милчин | 9 август, 2019 17:14

ЗАЕВ ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: “Истрагата мора да ги открие сите детали и секој да одговара за своите постапки„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев денес преку социјалните мрежи порача дека мора секој да одговара за тоа што го сторил.

Италијанскиот весник Ла Верита денес сподели ново видео за аферата Рекет. Во видеото се слуша женски глас како преку телефон вели дека се ќе биде ОК, додека Бојан Јованоски преку телефонски повик се договара со бизнисменот Орце Камчев кога да дојде по рекетот во вредност од милиони евра.

По тој повод премиерот Зоран Заев попладнево реагираше на социјалните мрежи и порача дека истрагата мора да ги открие сите детали и секој да одговара за своите постапки.

– Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда, напиша Заев на својот Фејсбук профил по објавувањето на снимките во италијанскиот весник „Ла Верита“.

Бизнисменот Орце Камчев во видеото изјавува дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба „Луј Витон“ и дека не оди да му дава него пари во Адидас торба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...