Заев јавно пред граѓаните го повика Мицкоски да дојде во Струмица и да види „предавникот“ Заев, за кој вели дека го продал Цар Самоил, а во Градскиот парк е неговиот споменик изграден од пари на граѓаните на Струмица, па да дојде да го види споменикот на Бежанците и да види други споменици и да слушне за други настани со кои се афирмарала нашата држава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 ноември, 2019 15:09

Заев: Изградив споменици на Цар Самоил и Борис Трајковски, не сум предавник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На трибината „На прав пат“ во Струмица, лидерот на владејачката партија СДСМ и премиер Зоран Заев рече дека понудата од Мицкоски е „нула“ и затоа не му поминувале лагите.

Да го види пpeдавникот Заев којшто се откажал од Бежанците, од Егејците – да оди во Бежанскиот парк и да го види Споменикот на бежанците. Да дојде и да се потсети во времето на peжимот, кога Институтот за македонски јазик ‘Крсте Мисирков’ беше шиканиран од сите – како струмичани, од нашиот буџет, го поддржавме симпозиумот за да си го афирмираме македонскиот јазик. Да го види пpeдавникот Заев што го изгради споменикот на Борис Трајковски и да се потсети на Гоце Делчев, што стои овде со децении.

Заев јавно пред граѓаните го повика Мицкоски да дојде во Струмица и да види „предавникот“ Заев, за кој вели дека го продал Цар Самоил, а во Градскиот парк е неговиот споменик изграден од пари на граѓаните на Струмица, па да дојде да го види споменикот на Бежанците и да види други споменици и да слушне за други настани со кои се афирмарала нашата држава.

-Еве, да го повикаме ние струмичани да дојде и тука. Кај нас струмичани викаат ‘од кај ти е жен’та, од там ти е род’та’. Да дојде, да се прошета во Струмица, па да го види пpeдавникот Заев, којшто го продал цар Самоил – овде е споменикот на Самоил, во градскиот парк, изграден од Заев и од Советот и од ваши пари, од пари на граѓаните на Струмица. Да го види пpeдавникот Заев којшто се откажал од Бежанците, од Егејците – да оди во Бежанскиот парк и да го види Споменикот на бежанците. Да дојде и да се потсети во времето на peжимот, кога Институтот за македонски јазик ‘Крсте Мисирков’ беше шиканиран од сите – како струмичани, од нашиот буџет, го поддржавме симпозиумот за да си го афирмираме македонскиот јазик. Да го види пpeдавникот Заев што го изгради споменикот на Борис Трајковски и да се потсети на Гоце Делчев, што стои овде со децении, порача премиерот.

Заев вели дека доволно беа криви патишта, туку треба да се води грижа за државата да оди по прав пат.

-Нема поважно од иднината на нашите деца и плус има пари за се во државата. Затоа има вистинска опција за овие избори-ако сме вистински патриоти, ако си ги сакаме своите деца и водиме грижа за нашата земја, нема да дозволиме земјата наша да скршне од правиот пат. Доста ни беа сокаци и криви патишта, подвлече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.