Истовремено, тој посочи дека не треба да се бојкотира пописот и не треба опозицијата да се заканува, со оглед на тоа што пописот е обврска на граѓаните.

Објавил: Перо Милчин | 4 јануари, 2021 22:08

Заев: Имаме капацитет за организирање на пописот кој ќе се случи на пролет, на безбеден и добро организиран начин според стандарди

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Ние имаме капацитет за организирање на оваа сложена операција, го проверивме на избори, парламентарни и локални во Штип и Пласница, кои се одржаа. Самата операција е полесна од делот на операцијата за избори. Тука го нема кампањирањето, а со тоа е намален и човечкиот контакт. Анкетарите се обучуваат, протоколите постојат, целата операција е безбедна и организирана според стандардите на Евростат“, рече Заев во врска со анкетирањето, кое ќе треба да се спроведе, можеби и во ковид услови.

Истовремено, тој посочи дека не треба да се бојкотира пописот и не треба опозицијата да се заканува, со оглед на тоа што пописот е обврска на граѓаните.

И ние треба да се попишеме заради тоа што тоа е наша законска обврска. При попишувањето сите имаме обврска да ги дадеме вистинските податоци кои се бараат од нас. Пописот не се прави на политичките партии или политичарите, туку се прави на граѓаните и треба да го спроведеме како што треба. Со дигитализацијата и достапноста на дата базите, лесно ќе се проверуваат информациите кои граѓаните ги даваат и ќе се комплетира сликата“, рече Заев додавајќи дека пописот се планира од 1 до 21 април, на територијата на целата држава.

Заев истакна дека иако е добро да се има и отпечаток од прст, сепак така нема да можат да се попишат иселените лица, кои се попишуваат како нерезидентни граѓани, а и децата кои се попишуваат немаат регистрирано кај институциите отпечаток од прст.

„Но, правиме напори внатре, притоа преку внатрешната контрола на МВР на граничните премини имаме секогаш за секого дали е овде во државата или бил повеќе од една година надвор од државата“, рече Заев, кој истакна дека пописот се прави на резидентите, кои живеат во државата и иселените лица, а притоа е ирелевантен етичкиот предзнак.

На прашањето дали податоците од пописот ќе влијаат на процентот на лица на вработени во државната администрација премиерот Заев рече:

„Секако дека нема да влијаат, заради тоа што имаме Закон за рамноправна застапеност на сите и тој ја штити застапеноста по етничка основа. За нас веќе е важно граѓаните да бидат застапени оние соодветни по квалификации и образование“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...