Се очекува премиерот Заев да даде исказ во обвинителството за обидот за “рекет“ во општина Битола

Објавил: Данаил Михајловски | 28 јуни, 2019 13:18

Заев: Има истраги за Коки и Кики по допрен глас, запознаен сум со случајот во Битола!

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев во одговор на пратенички прашања за јавната тајна која кружи низ земјата дека една медиумско-партиска рекетарска група блиска до власта, составена од лица со псевдоними “Коки и Кики“, изјави дека се информирал за нивниот обид за изнуда кај градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, кога медиумскиот газда “Коки“ и високиот партиски функционер на СДСМ “Кики“ биле во општината и барале бесплатна парцела за објект, како и ослободување од плаќање на комуналии во висина од 1 милион евра. Премиерот Заев контактирал со градоначалничката Петровска и потврди дека таков настан навистина се случил. Сепак, Заев потенцираше дека градоначалничката не го одобрила барањето, односно ги одбила барателите “Коки и Кики“. Заев кажа и дека за овие сомненија, по допрен глас, државното обвинителство веќе отворило истраги.

Премиерот Заев денес во собранието, на прашањето за можните медиумско-политички рекетари “Коки и Кики“, изјави: Секој мора да одговара пред законот, без разлика дали е за рекет, изнуда, корупција или перење на пари, без разлика дали е функционер или сопственик на медиум или е член на семејството Заеви, или на било која друга функција или политичка партија.

Сега се поставува прашањето дали самиот премиер Заев ќе појде сам во обвинителството да даде исказ за сознанијата што ги има во врска со оваа афера за “рекетарство“, или можеби веќе дал исказ? Доколку премиерот Заев не дал исказ за случајот “обид за рекет во општина Битола“, тогаш по денешната изјава би требало надлежниот јавен обвинител да го повика и да му земе изјава, бидејќи премиерот се информирал од прва рака преку градоначалничката Петровска. Според она што од медиумите и јавноста може да се добие како информација, ваквото дело на тандемот “Коки и Кики“ може да се подведе под член 353 став 5 од Кривичниот законик, обид за злоупотреба на службена положба на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија или од други средства на државата, за што сторителот се казнува со затвор најмалку пет години. 

Обид, член 19 од Кривичниот законик: Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но немада го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело за кое според закон можеда се изрече затвор од пет години или потешка казна, а за обид на другокривично дело само кога законот изречно пропишува казнување и за обид. Сторителот ќе се казни за обид во границите на казната пропишана закривичното дело, а може да се казни и поблаго.

Заев: До мене допрел глас, за тоа се пишува по медиумите со псевдоними, се зборува во јавноста и јас се заинтересирав и истрагата ќе ги каже резултатите. Драго ми е што се води истрага по допрен глас, дај Боже да има докази за оваа работа. Не сакам однапред да обвинувам, но ако се случиле вакви работи ќе има одговорност за кој и да е. Законот важи за сите – рече Заев, одговарајќи на прашањето на Милошоски дали е запознаен дали навистина оваа група изнудила 200.000 евра од поранешен градоначалник и стопанственик?

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика