Зошто Заев не ги повика и Македонците од Пиринска или Егејска Македонија, или тие по Договорите со Бугарија и Грција не смеат да постојат?

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 7:17

Заев им реферира на Македонците во Албанија за НАТО и ЕУ во Северна Македонија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници од заедницата на Македонците во Албанија, Ефтим Митревски и Нико Китани, кој е и претставник на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства при Владата на Република Албанија.

Ефтим Митревски и Нико Китани како претставници на Македониците во Албанија се нов проект на министерот за дијаспора Едмонд Адеми.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, од претставниците од заедницата на Македонците во Албанија е изразена поддршка за успешните процеси што водат кон напредок на Македонија во евроатлантските интеграции. 

Се разговарало за повеќе актуелни прашања и за резултатите од продлабочената комуникација меѓу Владата на Република Македонија и заедницата на Македонците во Албанија.

– Ќе ја интензивираме уште повеќе поддршката на принципиелно ниво, кон Македонците кои живеат и работат во Албанија. Постои позитивна политичка клима за тоа, нагласил премиерот Заев.

Претставниците на заедницата на Македонците во Албанија изнеле конкретни предлози на унапредување на квалитетот на живот и образованието на жителите од Мала Преспа, Голо Брдо и Корча.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести