Новата фабрика од Фолксваген би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јули, 2019 18:11

ЗАЕВ И ВУЧИЌ ОСТАНАА ИСВИСЕНИ ОД МЕРКЕЛ: “FOLKSVAGEN” ПОБЕГНА ВО ТУРЦИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Германскиот производител на автомобили Folksvagen, одлучи да ја гради новата фабрика во Турција, пренесува порталот Automotive News Europа, поврзувајќи се на пишувањето на германскиот магазин за трговија “Automobilwoche”.

Магазинот не наведувајќи ги своите извори, објави дека надзорниот одбор VW-a, во четвртокот конечно одлучи дека ќе изгради нова фабрика блиску до приморскиот град Измир, во западна Турција.

Портпаролот на надзорниот одбор од VW-a, изјави за агенцијата Ројтерс, дека плановите за нова локација се потврдени, но дека се уште не се финализирани, додава порталот.

Групацијата „Фолксваген“ поседува вкупно 119 производствени погони во 20 земји во Европа и во 11 земји во Северна Америка, Јужна Америка, Азија и Африка, а вкупниот број вработени изнесува 592.586. Во ноември 2016 година, „Фолксваген“ постигнал договор со синдикатот за укинување на 30.000 работни места до 2021 година, со цел да ја зголеми профитабилноста.

Новата фабрика од Фолксваген би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно.

Планирано е да оваа фабрика има 5.000 вработени, а од нив дури 650 инженери. Новата фабрика ќе произведува класични автомобили, но сигурно ќе биде и организирана продукција на електро возила.

Неофицијално, најголемиот произведувач на автомобили се одлучи да отвори фабрика во Турција, а во конкуренција беа Македонија, Бугарија, Романија и Србија.

Иако како за фаворити за добивање на оваа инвестиција долго беа Бугарија, германската компанија ја избра Турција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести