За намерата да си поднесе оставка, Заев ги информирал и дипломатите во Брисел.

Објавил: Весна Петровска | 18 октомври, 2019 14:22

ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ЌЕ СИ ПОДНЕСАТ OCTABKИ: Последни информации од Брисел – Заев најавил ocтaвкa, Димитров се поздравил со делегацијата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Зоран Заев ќе си поднесе оставка, дознава „Инфомакс“ од доверливи и добро упатни извори во СДСМ. Ваквата одлука на Заев доаѓа по неуспехот во Брисел и недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ и покрај промената на државното име, договорот со Бугарија и Албанија

Од она што го дознава „Инфомакс“ од утринава во седиштето на СДСМ на Бихаќка состанати се сите потпретседатели на партијата кои се убедуваат да го премислат Зоран Заев да се откаже од намерата. Засега, претседателот на владејачката партија не ги прифаќа сугестиите на потпретседателите.

За намерата да си поднесе оставка, Заев ги информирал и дипломатите во Брисел.

Освен Зоран Заев, оставка најверојатно ќе поднесе и Никола Димитров, кој веќе се поздравил со делегацијата на МНР во Брисел, а пред членовите на истата изјавил „од понеделник повеќе не сум министер“, дознава „Инфомакс“ од извори во делегацијата.

Ова е втора најава за оставка на Димитров кој депонираше писмена оставка во МНР по неуспехот со „Илинденска“ и референдумот. Оставката според нашите информации е избришана од деловодните книги на МНР.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го советува премиерот Зоран Заев да не поднесува оставка ако сега не биде донесена одлука за почеток на преговорите со ЕУ, зашто има уште многу работи да се направат, а одложувањето од неколку месеци не е вечност во тој процес.

– Јас разговарав со Заев и мојот совет до него беше да не си поднесува оставка зашто заврши многу работа и има уште многу што да се направи. Ништо не е завршено, туку е одложено. Едоставно е одложено за време на претседавањето на Хрватска. Фактот што не се договоривме да има пишани заклучоци од состанокот кажува дека огромното мнозинство од државите на ЕУ се за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, изјави денеска Борисов пред продолжението на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Прашан за противењето на Франција во однос на проширувањето, рече дека не може да зборува во името на другите држави, но, како што наведе, може да каже дека ниту една држава не кажала „не“.

За можните внатрешно-политилки последици во Македонија од одложувањето на одлуката за преговори, Борисов рече дека тоа ќе го покаже времето.

– Сакам да потсетам дека кога Бугарија се подготвуваше за членство имаше цивилизиран дијалог меѓу власта и опозицијата и сите политички партии дека тоа е наш европски пат. Ако во Северна Македонија или во Албанија има партии кои можат во еден момент да се вратат назад тоа е исто така голем ризик, но времето ќе покаже. Постои емоционален момент, вложија многу напори, ниту една држава не го сменила името, изјави Борисов.

И покрај обидите на некои земји членки да го вратат проширувањето и преговорите со Северна Македонија и Албанија на дневен ред на Самитот на ЕУ денеска, според дипломатите во Брисел шансите се речиси непостоечки, јавува дописничката на МИА.

По вчерашниот неуспех на Европската Унија да се усогласи по ова прашање, нема политичка волја да се продолжи со дискусијата бидејќи нема промена во ставовите. Но, многу е веројатно во заклучоците од Самитот денеска лидерите да се заложат дека ќе се навратат на прашањето на следниот самит во декември, велат дипломатите во Брисел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.