Мицкоски посака на изборите да има услови за фер и демократско изразување на граѓаните.

Објавил: admin@magazin | 21 септември, 2021 6:25

Заев и Мицкоски си подадоа рака за фер и демократски избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на крајот од вчерашниот тв дуел си подадоа рака за фер и демократски локални избори.

Заев рече дека нема никаков проблем да си подаде рака со политичкиот опонент, а Мицкоски рече дека е прв од актерите на политичката сцена кој најавил позитивна кампања со проекти и политики важни за граѓаните.

Мицкоски посака на изборите да има услови за фер и демократско изразување на граѓаните.

Немам проблем да ветам фер и демократска кампања, но тоа не е дел од одговорноста на опозицијата зашто власта е организатор на изборите.Да не се случи тоа од 2020 година, ниту од „Бетовенова“, туку да има слободно, фер и демократско изразување.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашното гостување на телевизијата Канал 5 изнесе целосно неточна информација дека анкетата на „Брима“, објавена денеска од страна на медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, соопшти владината прес-служба.

Не постои јавна набавка за анкетата, односно истражување на јавното мислење на „Брима“, ниту, пак, таа е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата, се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести