На средбата со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, се согласивме дека со Договорот од Преспа, Република Македонија и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите, рече Заев!

Објавил: Владо Марин | 17 септември, 2020 19:34

Заев и Мицотакис остварија средба во Атина: Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја за преговорите со ЕУ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Партнерството засновано на доверба и пријателство го трансформиравме во сојузништво со членството на нашата земја во НАТО, а Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во претстојниот процес на преговори со Европската Унија, изјави денеска од Атина, премиерот Зоран Заев!

На средбата со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, се согласивме дека со Договорот од Преспа, Република Македонија и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите, рече Заев!

Партнерството засновано на доверба и пријателство го трансформиравме во сојузништво со членството на нашата земја во НАТО, а Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во претстојниот процес на преговори со Европската Унија, изјави денеска од Атина, премиерот Зоран Заев!

Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, тој е и договор за долгорочно стратешко партнерство и за развој на широк план на односите меѓу двете земји, порача премиерот!

Заев објави дека се сретнал со неговиот драг пријател Алексис Ципрас, лидерот на опозицијата и претседател на Сириза, во кој се согласиле дека после две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, конструктивните опоненти на договорот прифатија дека станува збор за историски договор од огромно значење за иднината на народите во двете држави.

Овој договор направи пресврт во меѓусебните односи и ги откочи евроатлантските процеси на Република Македонија, со тоа што станавме членка на НАТО и го очекуваме стартот на преговорите со ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.