Секогаш ќе бидеме со овие наши сограѓани рамо до рамо и секогаш ќе бидат директно вклучени во процесите кои се за нив, според принципот „ништо за нив – без нив“.

Објавил: Перо Милчин | 3 декември, 2020 9:20

Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со гордост сакам да споделам дел од чекорите што ги направивме во претходниот мандат и што во континуитетот ги одржуваме за поддршка и вклучување на лицата со попреченост, преку спроведување на најдобрите светски практики, напиша на социјалните мрежи премиерот Зоран Заев!

Почна со работа Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, кое воспостави механизми за промовирање, заштита и следење на спроведувањето конвенција, согласно препораките на ОН.

✅ Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост.
✅ Го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 % од просечна плата.
✅ Сите деца се извадени од институциите и се згрижени во групни домови.
✅ Ја гарантираме персоналната асистенција и услугата за одмена во домот.
✅ Ангажирани се околу 300 образовни и лични асистенти, за потребите на учениците со попреченост.

Секогаш ќе бидеме со овие наши сограѓани рамо до рамо и секогаш ќе бидат директно вклучени во процесите кои се за нив, според принципот „ништо за нив – без нив“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани