Денешниот празник – Меѓународниот ден на Бошњаците е ден кога сите ние го славиме нашето заедништво, достојно почитувајќи ги различностите, кои му се потребни на нашето општество.

Објавил: Перо Милчин | 28 септември, 2019 10:26

ЗАЕВ: „Меѓународниот ден на Бошњаците е ден кога сите ние го славиме нашето заедништво„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија.

Премиерот Заев во честитката вели дека Бошњачката заедница, дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја, која ги почитува европските и евроатлантските вредности, како темелен принцип за изградба на современа демократска држава.

„Денешниот празник – Меѓународниот ден на Бошњаците е ден кога сите ние го славиме нашето заедништво, достојно почитувајќи ги различностите, кои му се потребни на нашето општество.

Владата, заедно со сите граѓани посветено го гради и унапредува концептот за развој на едно, еднакво и праведно општество и интеркултурен дијалог, како заедничко богатство, со здружена определба за почитување, толеранција и унапредување на етничките и културните разноликости“, вели премиерот Зоран Заев во честитката.
Бошњачката заедница, дава огромен културен и економски придонес за развој и просперитет на нашата земја, која ги почитува европските и евроатлантските вредности, како темелен принцип за изградба на современа демократска држава.

„Дозволете, денеска, од име на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам најискрени честитки по повод 28 Септември, посакувајќи да ни траат, заедништвото, почитта и единството, зашто само така можеме да изградиме перспективна иднина за нас и за нашите деца“, се вели во честитката од премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести