Весникот Ханделсблат пишува дека премиерот Зоран Заев е голем оптимист дека Македонија ќе добие позитивна одлука.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2019 22:20

Заев: Можно е да влеземе во ЕУ меѓу 2025 и 2030 година?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев заедно со македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров дадоа интервју за два германски весника каде потенцираат дека од голема важност е Македонија да влезе во ЕУ, односно да се добие датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа година, пренесува  „Дојче веле“.

Весникот Ханделсблат пишува дека премиерот Зоран Заев е голем оптимист дека Македонија ќе добие позитивна одлука.

Очекувам позитивни и јасни заклучоци кои ќе утврдат дека годинава ќе ги започнеме преговорите за членство и со тоа ќе добиеме една дополнителна мотивација за реформскиот процес во Северна Македонија. Во 2025 или 2030 да станеме членки на ЕУ. Не знам. Прашање е кога ние ќе бидеме подготвени за Европа, и кога Европа ќе биде подготвена за нас. Обете страни се важни. Најважно е дека реформите на тој пат ќе бидат од корист за земјат, вели Заев за Ханделсблат.

Весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг објави и репортажа од гостувањето на премиерот Зоран Заев на дебатата во австрискиот Вахау за време на викендот.

„Канцеларката за мене е охрабрување. Но разбирам дека одлуката за почеток на пристапните преговори е во рацете на Бундестагот. Почетокот на преговорите со Северна Македонија ќе биде дополнителна мотивација за Србија и Косово да ги продолжат преговорите за надминување на спорот. Национализмот и популизмот, не само во мојата земја, туку и во целиот регион, можат повторно да избувнат“, вели македонскиот премиер,пренесува Дојче Веле.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести