Заев вели дека ниту тој не сака да ги одложува изборите и тоа само на 9 дена пред завршувањето на неговиот мандат, односно пред избор на техничката влада која треба да ја води државата 100 дена до избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 декември, 2019 17:26

Заев: Можно е да не поднесам оставка на 3 јануари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека можно е да не даде оставка на 3 ти јануари, бидејќи владејачката партија размислува за одложување на изборите кои веќе се закажани за 12 април наредната година.

„Јас сум првиот што посакувам да ги запазиме сите процедури. Но ако се дозволи опозицијата на видлив начин веќе во Собранието да изнаоѓа начини а има право по деловник, да ги изблoкира законите за повисоки плати за повисоки пензии, за реализација на државните проекти кои што живот значат за граѓаните, тоа се за СДСМ сериозни причини да разговараме дури и за одлагање на изборите. 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека можно е да не поднесе оставка на 3 јануари

Заев вели дека ниту тој не сака да ги одложува изборите и тоа само на 9 дена пред завршувањето на неговиот мандат, односно пред избор на техничката влада која треба да ја води државата 100 дена до избори.

Јас не сакам да ги одложам изборите ние во петок имаме Централен одбор, на Центарлниот одбор ќе одлучиме за новиот претседател на владата за време на техничката влада, ќе одлучуваме за пополнување на испразнетите места а тоа се согласно пржинската влада односно дополнителните заменици во МВР  во МТСП и потпретседател за економски прашања. Тоа покажува сериозен израз дека ние сме за избори и треба да се завршат. Но нема да дозволиме интересот на било која политичка партија или политички субјект да биде доведен во прашање заради тоа што некој има некоја скриена агенда која што може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на граѓаните и државата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.