Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 септември, 2019 14:03

ЗАЕВ: “МОЖНО Е ОРЦЕ КАМЧЕВ И МЕНЕ ДА МЕ СНИМАЛ”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во интервју за неделникот Фокус премиерот премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста бизнисменот Орце Камчев да го снимал и него.

На прашање дали постои некаква можност Орце Камчев кога го посетил кабинетот на Зоран Заев да го пријави рекeтот да снимал, премиерот вели:

Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци.

Бизнисменот Орце Камчев, заканите за рекет прво му ги пријавил на премиерот Зоран Заев.

„Се обратиле бизнисмени до мене кои не се од Скопје дека биле уценувани и се знае, како што постапува секој граѓанин така постапува и премиерот – го пријавил тоа. Потенцирам, премиерот тоа го пријавил“, рече Заев вчера на прес-конференција.

Заев не сакаше да прецизира дали токму бизнисменот Орце Камчев му се пожалил дека е мета на рекет, туку само рече дека доволно кажал. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.