Премиерот Заев на средбата порача дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Македонија

Објавил: admin@magazin | 7 мај, 2019 12:23

Заев му побарал на папата да се моли за Македонија и граѓаните!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во присуство од сопругата Зорица Заева и ќерката Александра премиерот Заев имаше средба со Светиот отец папата Франциск.

Папата Франциск го поздрави семејството на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кога на крај на средбата им се придружија сопругата на премиерот Заев, Зорица, заедно со ќерката Александра“. Премиерот Заев на средбата изјави дека оваа Апостолска посета е голема инспирација за народот на Македонија.

Од Владата на Република Македонија изјавуваат дека на средбата, уште била потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, и сочествувањето на нивното дело што секоја година заеднички се прославува во Рим и Ватикан.

„Премиерот Заев на средбата порача дека оваа Апостолска посета е инспирација за народот на Македонија и го замоли Папата Франциск да се помоли за доброто на граѓаните и на земјата.

На денешната средба меѓу премиерот Заев и Папата Франциск беше истакната заложбата Република Македонија да ја продолжи својата голема афирмација како земја на заедништво и толеранција следејќи го примерот на делото на Светите Кирил и Методиј, кои во 1980 година Ватикан ги прогласи за покровители на Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.