Владата за пет години планира да го забрани користењето на дрва, мазут и јаглен за загревање на домовите, затоа што токму граѓаните биле во 90 отсто причина за загадувањето

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 12:29

Заев најави забрана за греење на дрва, мазут и јаглен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата на Македонија со решение, најави забрана на дрвата, мазутот и јагленот како мерките кои ќе ги предложи против енормното загадување.

Иако мерните станици покажуваат дека во Скопје, Битола, Тетово и други градови зголемено и повеќе од дозволеното присуство на ПМ10 честички има и во летниот период, според Заев повеќе од 90% причината за загадувањето се токму граѓаните и нивниот начин на греење.

Заев најави дека во среда ќе има специјална седница на Буџет, за носење на Буџетот на Влада.

На таа седница покрај Буџетот ќе има претходна точка и животна средина каде што најмногу ќе алудираат на воздухот, целта е за првпат им е да издвојат посебна програма во Буџетот за животна средина и да канализираме средства дел од постојните буџетски програми и дел да додадат одредени средства.

Заедно со министерот ќе ги релоцираат средствата, ама и другите министерства да покажат капацитетност.

Знаете дека загадувањето доаѓа од затоплувањето односно од загревањето на домовите. И тоа е преку 91 или 92 отсто од причините. Трајното решавање е со гасификацијата и со други инструменти. Дел од дебатата ќе биде забрана на дрвата, мазутот и јагленот после 5 години.

Премиерот немаше коментар колку мерни станици моментално се активни, колку се во дефект и зошто загадувањето е во текот на целата година а не само во грејната сезона.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.