На "менито" го нема барањето на Ахмети за уште еден Референдум и Предлог измените на Изборниот законик

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 јули, 2018 13:51

Заев најави лидерска за Референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ – Зоран Заев денес најави лидерска средба со претставниците на поголемите политички партии која ќе се одржи утре попладне а со цел да се забрзаат процесите за подготовката на Референдумот за Договорот со Република Грција. 

Според Заев кој оваа вест ја соопшти на прес конференцијата која ја имаа заедно со Еврокомесарот Хан – средбата ќе биде координирана и со работните активности на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ – Христијан Мицкоски кој за периодов веќе имал најавено службени патувања. Претседателот Иванов не беше спомнат.

Најавата за лидерска средба доаѓа во момент кога нема одговор на тоа кое би било референдумското прашање – каква содржина би имала новата Преамбула и членовите на Уставот на Република Македонија но и во момент кога Ахмети и ДУИ побараа и Референдум за Законот за употреба на јазиците а скоро во исто време со доставувањето на Предлогот на Законот за изменување на Изборниот законик на Република Македонија до пратениците од страна на Талат Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.