– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставниме патарините што се плаќаат за патишта, сакаме да ги рационализираме и намалиме регистрацијата на возилата која што ја имаме, оти и тоа е да им остаивме пари на граѓаните назад кон граѓаните. Така да работиме на намлување на цената на Зелениот картон, рече премиерот Зоран Заев.

Објавил: Весна Петровска | 12 октомври, 2019 18:52

Заев најави намалување на цената на зелениот картон и регистрирањето на возила

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

На денешната трибина „ На прав пат“ која се одржа во Куманово премиерот Зоран Заев најави поевтинување на зелениот картон.

– Веќе разгледуваме варијанти за да го поевтиниме зелениот картон, затоа што нормално ако е скап не го купуваат. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон. Тоа е во преговори со осигурителните компании и со сето она што претставува како трошок во зелениот картон како користење на патишта и друго, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат” во Куманово.

 

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставниме патарините што се плаќаат за патишта, сакаме да ги рационализираме и намалиме регистрацијата на возилата која што ја имаме, оти и тоа е да им остаивме пари на граѓаните назад кон граѓаните. Така да работиме на намлување на цената на Зелениот картон, рече премиерот Зоран Заев.

Во моментов во Македонија зелената карта претставува посебна полиса

Во Македонија зелената карта претставува посебна полиса за која што се плаќа посебна цена, односно посебна премија и неа ја купуваат оние што патуваат во странство. Додека земјите од ЕУ, меѓутоа и во земји што не се дел од ЕУ, како Србија, Црна Гора, БиХ, само не Албанија и Косово, зелената карта не претставува посебна полиса, туку таа е вклучена во цената на полисата на автоодговорност што се купува при регистрација на возилото.

При тоа во овие земји се плаќа доплата од пет до 20 евра за печатење на зелената карта, а не е тоа премија за зелена карта. Затоа во овие земји цената за автоодговорност е на повисоко ниво отколку во Македонија. Пример во Црна Гора е 125 евра, а кај нас 80 евра за патнички возила, но кога ќе се додаде и зелената карта тоа на некој начин ќе се доближи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести