Заев со прес за позитивни економски резултати

Објавил: Узунов Бобан | 7 јуни, 2019 15:36

Заев: На глава да застанам за да докажам дека имаме одлични економски резултати ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот, Зоран Заев, денеска одржа прес конференција на коjа ги соопшти последните податоци за растатот на Бруто домашниот производ, кој бележи 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година. Ова, според Заев, е највисок квартален раст во последниве две години. 

Паѓаат во вода вчерашните небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека нема напредок во економијата. Податоците ги демантираат сите нивни драматични и лажни информации. Може треба на глава да стојам за опозицијата да сфати дека економските параметри се одлични. Владините политики даваат одлични резултати, а опозицијата лаже – рече Заев.

Тој додаде дека се зголемува куповната моќ на граѓаните, а се забележува и пораст на платите. Невработеноста, рече премиерот, во првиот квартал е 17,8 отсто, односно намалување за 4,8 отсто за две години, или отворени нови 49.522 нови работни места.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ излезе со нови обвинувања за криминал и корупција во власта. 

-Ние уште вчера пред отворањето на понудите јавно предупредивме дека тендерот е наменет за фирма поврзана со албански бизнисмен, која има врска со тендерот за стерилизација во Албанија каде што истата фирма е кривично гонети. Се работи за 2 фирми кои се активни на тендерот поврзани со албанскиот бизнисмен Илир Рапај. Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите во конзорциумот истиот Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.  За фирмите поврзани со Илир Рапај и неговите бизнис партнери веќе се води истраги во Албанија и во Италија, а искуството на граѓаните и здравствениот сектор во Албанија е сериозно лошо. Истото го чека и здравствениот систем во Република Македонија доколку не се прекине веднаш овој тендер кој го турка Венко Филипче. Највеќе од сето ова ќе страдаат граѓаните и се ќе оди на нивна штета и нивни грб, посочува Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести