При увидот беше изразено големо жалење за страшната слика од остатоците на пожарот, кој зафатил продавници во приземјето и се проширил на првиот кат и пазарот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 јануари, 2021 16:59

Заев на увид по пожарот на „Глобал” во Струмица: Огромна благодарност до пожарникарите за професионализмот и пожртвуваноста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Струмица изврши увид на штетата која е направена по пожарот кој синоќа го зафати Трговскиот центар „Глобал“.

При увидот беше изразено големо жалење за страшната слика од остатоците на пожарот, кој зафатил продавници во приземјето и се проширил на првиот кат и пазарот.

Премиерот Заев изрази жалење за сериозната катастрофа и несреќа која го зафати објектот на трговскиот центар.

„Објектот е во густо населено подрачје и можеа да видат граѓаните каква огнена стихија се случуваше. Материјалните штети се огромни, нанесени се непоправливи економски штети, на деловните субјекти кои живеат и работат овде и од тука ја вадат својата егзистенција. Добро е што нема повредени и човечки жртви“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев на увид по пожарот на „Глобал” во Струмица: Огромна благодарност до пожарникарите за професионализмот и пожртвуваноста, заедницата ќе покаже солидарност и со акција на дело сите ќе помогнеме Струмица да се врати во нормала!

При увидот беше и изразена голема благодарност до пожарникарните служби, на Струмица, како и од околината, Кавадарци, Штип, Валандово и Радовиш кои несебично се заложија да се локализира пожарот и за среќа немаше човечки жртви.

Голема благодарност до противпожарните бригади кои до 4 наутро се бореа со пожарот. Благодарни сме за пожртвуваноста која ја покажаа и струмичките но и пожарникарите на околните општини“, изјави премиерот Заев.

„Глобал“ е симбол на модерна Струмица, струмичкиот пазар е место каде се собираат струмичани и живее струмичкиот дух“, рече Заев најавувајќи солидарност и сплотеност од страна на заедницата, бизнис секторот, институциите и општината како и сите граѓани.

„Секој ќе помогне на секој можен начин! Сите заеднички ќе помогнеме!“, рече премиерот ветувајќи помош и од институциите за санирање на материјалните штети.

Тој подвлече дека сега за Божиќните празници, сите граѓани и институции ќе покажат солидарност и заедништво и упати порака до оштетените граѓани дека веднаш уште утре, ќе се организира масовна солидарна и работничка акција за што поскоро да се врати животот на струмичани во нормала!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести