Денешната средба премиерот на Заев и Меркел е закажана за утрово во 9.30 часот.

Објавил: Перо Милчин | 13 јуни, 2019 7:25

ЗАЕВ НА УТРИНСКО КАФЕ СО АНГЕЛА МЕРКЕЛ!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во рамките на економскиот форум во Берлин, премиерот на Република Македонија Зоран Заев денеска, околу 9:30 часот се очекува да одржи средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролот на федералната влада, Штефен Зојберт, за денешната средба потврди дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе го пречека Заев во Сојузната канцеларија во Берлин.
Денешната средба премиерот на Заев и Меркел е закажана за утрово во 9.30 часот.

Премиерот Заев синоќа од Берлин рече дека одлагањето на почетокот на преговори со ЕУ за земјава не само што ќе ја доведе во прашање стабилноста на владејачката коалиција туку и „ќе го дополни со гориво ултранационализмот на претходниците во владата. Тој смета дека Македонија заслужува одлука втемелена на постигнувањата.

 Одложувањето на таквата одлука ќе се смета за негативно и ќе има негативни ефекти. Која било друга одлука освен онаа за отворање на поглавјата за преговори негативно ќе се одрази на внатрешните политички процеси и ќе ја стави под знак прашалник стабилноста на владината коалиција. Дополнително, ќе ја разбуди разочараноста кај граѓаните, ќе го запре имплементирањето на Преспанскиот договор и ќе нанесе штета на динамиката на реформите. Тоа ќе го дополни со гориво ултранационализмот на нашите претходници во владата, нешто што јас и моите колеги го отфрливме“, рече Заев во обраќањето од Берлин.

За денеска се очекува информација за временската рамка во која Република Македонија може да се надева на почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести