Народе мој, на 15 јули, можеме и мораме да продолжиме по вистинскиот пат.

Објавил: Владо Марин | 16 јуни, 2020 5:17

ЗАЕВ: На 15 јули ќе победиме, затоа што за само три години ја изведовме земјата на прав пат!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На 15 јули победуваме затоа што ги решаваме проблемите наместо да се криеме од нив, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев!

Победуваме затоа што зрело и одговорно им пристапуваме на сите предизвици, наместо да собираме ситен партиски профит како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ.

Победуваме затоа што за само три години ја изведовме земјата на прав пат, наспроти оние кои 11 години ја држеа во заложништво без никаков напредок, тврди Заев!

Заев вели дека СДСМ ќе победи затоа што се грижат за сите граѓани, за ранливите и за секој поединец, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои се богатеа на грбот на работниците и сиромашните.

Победуваме и затоа што за првпат имаме коалиција која ги претставува сите граѓани без разлика на етничката припадност, коалиција на заедништво и соживот, наспроти ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници кои сѐ уште не се ослободуваат од национал-популизмот и назадните идеи.

Народе мој, на 15 јули, можеме и мораме да продолжиме по вистинскиот пат. Заедно носиме уште една голема победа за сигурна иднина, заклучи Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика