Продолжуваме со мерките кои ќе значат нови вработувања и зголемување на платите! – напиша Заев на Фејсбук.

Објавил: Перо Милчин | 14 септември, 2019 10:08

ЗАЕВ: “Невработеноста во Македонија се намали на 17,5%, за тоа заслужна е Владата”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи соопшти дека невработеноста во земјава од месец до месец продолжува да паѓа.

– Изминативе месеци, стапката на невработеност се намали на 17,5%, а е резултат на сериозните економски мерки кои оваа Влада ги презема. Продолжуваме со мерките кои ќе значат нови вработувања и зголемување на платите! – напиша Заев на Фејсбук.

Вчера вицепремиерот Кочо Анѓушев за „Топ тема“ изјави дека ние како држава, мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати.

„Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори.

– Засега се уште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решение и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семејство не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории“ изјави Анѓушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.