Министерот Венко Филипче, рече дека владата сака да направи модерен клинички центар кој ќе служи најмалку во следните 60 – 70 години.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 јуни, 2019 22:48

ЗАЕВ: „Немаме надворешни проблеми и кочници, голем дел од работите зависат од СДСМ„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ресорниот министер Венко Филипче во вечерашното гостување на Отвореното студио на МРТ, рече дека се што направиле во изминатите две години беше во консултација со здруженијата на пациенти и експерите, а додека премиерот Заев рече дека Македонија е тргната кон вистинскиот пат.

Во вечерашното гостување на Отвореното студио на МРТ, освен министерот Венко Филипче, во дебатата беа присутни и премиерот Зоран Заев, како и министрите за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација, Мила Царовска и Дамјан Манчевски.

Филипче во вечерашната емисија најави дека се враќаат доктори од странство во нашата земја. До декември се најавува зголемување на платата на околу 100.000 денари просечно нето принос за сите специјалисти.

Филипче рече дека владата сака да направи модерен клинички центар кој ќе служи најмалку во следните 60 – 70 години. Тој изјави дека во моментов се фокусирани многу на тоа исто така и за реформите и зголемување на платите на здравствените работници.

Целта беше да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, а не да се наметнуваат решенија. Продолжуваме да го јакнеме нашиот здравствен систем. Сметам дека ги поставивме работите на вистинскиот колосек, рече министерот Филипче.

Условите за датум за преговори се исполнети и сега ЕУ треба да возврати со тоа што го вети, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на МРТ.

Додека пак Премиерот Заев во своето гостување на МРТ, рече дека ако ЕУ не испорача датум за почеток на преговорите, ќе ги демотивира и другите земји, а може да поттикне и повторно враќање на националистичките структури што навистина не ни е потребно. Европа има одговорност, треба да се постави сериозно кон оние што исто така постапиле.

Тој рече дека Македонија е на вистинскиот пат.

Немаме надворешни проблеми и кочници, голем дел од работите зависат од нас, посебно од институциите во и надвор од извршната власт. Овој период е драгоцен и не треба да го испуштиме. Во вакви околности, на резултатите што ги постигнавме, треба да сме дополнително мотивирани да поитаме кон реализирање на целта – модерно општество со одговорно судство и администрација, добри плати и висок стандард, заврши премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.