Мицкоски вчера ја одби поканата на премиерот да учествува на лидерската средба, велејќи дека единствено би прифатил лидерска средба ако се разговара за датум за предвремени парламентарни избори.

Објавил: Перо Милчин | 17 јули, 2019 19:54

ЗАЕВ: “Немам намера да исполнувам желби за предвремени избори за Мицкоски, иако ќе победам на изборите„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема намера да исполнува желби за предвремени избори, како што бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев пред два дена повика на одржување лидерска средба, во петок во 15 часот во Клубот на пратениците. Поканата беше упатена до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

На средбата како што посочи премиерот би се разговарало за нов изборен законик и изборен модел, за законот за јавно обвинителство односно решавање на статусот на СЈО и за пописот.

Денеска премиерот Заев рече дека нема намера да исполнува желби за предвремени избори, иако знае дека ќе победи.

„Немам намера да исполнувам желби за предвремени избори, иако знам дека ќе победам. Мицкоски бара избори, па еве нека дојде на лидерската средба за Изборен законик да зборуваме. Јавното обвинителство не е мое, тоа е на сите што се бориме за правна држава. Мицкоски вели ќе го направи пепел СЈО. Зошто, оти се води истрага против високи членови на ВМРО-ДПМНЕ? Попис само ние и Сомалија немаме направено, да чекаме ли уште 10 години?“, рече Заев.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера ја одби поканата на премиерот да учествува на лидерската средба, велејќи дека единствено би ја прифатил лидерска средба со премиерот, само ако се разговара за датум за предвремени парламентарни избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести