Заев кажа доколку се утврдат евентуални грешки од човечки фактор, тогаш надлежни се органите кои го истражуваат случајот.

Објавил: Перо Милчин | 5 октомври, 2021 17:54

ЗАЕВ НЕ ГИ ПРИФАТИ ОСТАВКИТЕ НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ И НЕГОВИОТ ЗАМЕНИК ХАСАНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО

Фото/Текст извор: ©сдк

Премиерот Зоран Заев не ги прифати оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.

„Внимателно ги прочитав наодите на истражителите од вештачењето кои беа објавени денеска. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорноста кај Филипче и Хасани кои од морални причини поднесоа оставки од функциите“ рече Заев на прес-конференцијата пред Владата.

Заев кажа доколку се утврдат евентуални грешки од човечки фактор, тогаш надлежни се органите кои го истражуваат случајот.

„Ако е човечка одговорност, како зошто е донесен продолжен кабел или полнач за мобилен, тоа нека го нотираат и кажат истражните органи. Не сум стручен да кажам дали требало да има друг вид на приклучок во модуларна или привремена болница. Модуларните болници се направени како привремено решение за да не ни се случи италијанско сценарио односно сите луѓе да бидат прифатени во болница“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Јавното обвинителство денеска ги објави причините за пожарот во модуларната болница. Вештачењето на крим-техника утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица на прегревање на  кабел на дефибрилатор, по што се запалил продолжениот кабел на кој биле приклучени дефибрилаторот, полнач за мобилен и уште еден апарат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести