Заев, пред денешната средба со премиерот Оливер Спасовски и со лидерите на партиите, рече дека целта на средбата е лидерите на најголемите политички партии да разговараат за моделите на кампањата и начините за промовирање на партиите, програмите, кандидатите и визиите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 март, 2020 11:03

ЗАЕВ НЕ ГЛЕДА МОЖНОСТ ИЗБОРИТЕ ДА БИДАТ ОДЛОЖЕНИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Таквата одлука не би била добра!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на владејачката СДСМ и поранешен премиер на Македонија, Зоран Заев, рече дека не гледа можност за одложување на изборите поради моменталната ситуација со коронавирусот и рече дека таквата одлука нема да биде добра.

Во моментов девет лица во Македонија се заразени со коронавирусот. Испитувања вчера беа направени на вкупно 12 нови лица, од кои две беа позитивни.

Заев, пред денешната средба со премиерот Оливер Спасовски и со лидерите на партиите, рече дека целта на средбата е лидерите на најголемите политички партии да разговараат за моделите на кампањата и начините за промовирање на партиите, програмите, кандидатите и визиите.

Притоа, истакна тој, треба да се почитуваат сите државни одговорности и препораки за заштита од коронавирус.

“Можеби коронавирусот ќе нè стави во позиција да користиме различен вид кампања. Електронските медиуми и Интернетот се можности и ни стојат на располагање. Верувам дека ќе допреме до граѓаните. Важно е тие да не слушнат, и да гласаат. Важно е граѓаните да гласаат затоа што успехот на изборите не е ист кога гласаат 45 проценти или 75 проценти од граѓаните “, заклучи Заев.

Предвремените парламентарни избори во Македонија се закажани за 12 април.

Во моментов девет лица во Македонија се заразени со коронавирусот. Испитувања вчера беа направени на вкупно 12 нови лица, од кои две беа позитивни. Мерките што ги донесе Владата се спроведуваат. Учениците и хронично болните не одат на училиште и на работа. Здравствените работници не смеат да користат одмори. За лажните вести следат казни. Вчера СЗО прогласи пандемија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести