Заев не може да се искупи од одговорност за случајот „Рекет“. Рекетирање во име на ослободување од обвиненијата од СЈО во период од неколку години не е можно без Катица Јанева и нејзиниот директен претпоставен Зоран Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 август, 2019 20:17

Заев не може да се искупи од одговорност за случајот „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поимот тајкун е творба на СДСМ. Тајкуните и криминалците се во СДСМ. Почнувајќи од кланот Заеви па надоле.

Заев не може да се искупи од одговорност за случајот „Рекет“. Рекетирање во име на ослободување од обвиненијата од СЈО во период од неколку години не е можно без Катица Јанева и нејзиниот директен претпоставен Зоран Заев.

Заев не е и не може да биде аболициран од одговорност за случајот „Рекет“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Заев треба отворено да каже зошто со години негов чест гостин беше Боки Тредичи, зошто целата негова влада и половина партија имаат слики со Јовановски?

Дали се вистина наводите во некои медиуми дека чанта со пари од аферата „Рекет“ завршила на Илинденска?

Дали некој се сретнал или не со некакви тајкуни Заев нека  провери кај неговата заменичка Шекеринска.

Стравот и паниката кај Заев е показател дека е свесен  дека паѓа и му нема спас. Одговорност за се што стори до сега ќе има.

Одговорност за Заев, како и за сите извршители и помагатели во „Рекет“, како и другите случаи ќе има. Македонија мора да биде правна држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.