Екслузивно дознаваме дека утре уште рано наутро во 09.30 ќе се потпише договорот кој ја турка Македонија во самоуништување

Објавил: Македонка Димкин | 16 јуни, 2018 15:01

ЗАЕВ НЕ ОДСТАПУВА: УТРЕ ВО 09.30 часот ќе се потпише фамозниот договор

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Според нашите извори, се е спремно за утрешиот „Д ден„ , според Заев „голем ден за Македонија„: Имено утре во 09,30 часот ќе биде потпишан фамозниот догоор во присуство на Европскиот Комесар Хан и други европски лидери.

Во 1993 година, Македонија станала членка на Обединетите нации, но поради спорот со името кој го води со Република Грција, примена е под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година исто така е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО. Македонија е призната од точно 138 Земји од вкупно 190

Гласот на народот не допре до Заев, со денови се протестира но залудно, човекот кој само пред една година се колнеше во своите деца дека нема да дозволи да се промени уставното име на Македонија, утре ќе си погази на зборот и ќе ја изневери Македонија.

И додека во Преспа ќе се потпишува фамозниот договор, во Битола претседателот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги предводи протестите против промената на Уставното име на Македонија. Во изјава за Магазин тој е категоричен, »неможам да ги спречам да не одат во Преспа, но ни милиметар не одстапувам од моите и нашите принципи, нема да дозволиме и не поддржуваме промена на Уставот на Македонија а со цел промена на уставното Име.«

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика