Спасовски тврди дека е потребно многу повисоко ниво на будност во следењето на препораките и протоколите со цел да се спречат ваквите измами.

Објавил: admin@magazin | 11 јули, 2019 21:52

Заев: Ние ја почитуваме пријателска Русија и покрај тоа што се противат да станеме членка на НАТО!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

„Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели“, вели Заев, кој денеска се сретна со амбасадорот на Русија во земјава.

Средбата, како што рече премиерот Заев, е договорена пред објавувањето на неговата комуникација со Русите кои му претставувале како поранешниот украински претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

„Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели“, вели Заев.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски сериозната одговорност за измамата на премиерот Заев, ја лоцира во непочитување на протоколите за комуникација. Спасовски тврди дека е потребно многу повисоко ниво на будност во следењето на препораките и протоколите со цел да се спречат ваквите измами, пишува Канал 5.

Вован и Лексус преку македонските медиуми објавија нови моменти од комуникацијата со Зоран Заев.

Пораките и фотографиите кои што ги сменувале со премиерот Заев од август лани и последната фотографија, која што му испратиле по завршувањето на прес конференцијата на Заев, во вторникот на која даде објаснување за објавените разговори.

Според нивните објавени пораки, во последната комуникација на Заев тој испраќа фотографија на која е заедно со контроверзен политички стратег Тал Силберстин, кого го нарекуваат уште и спиндоктор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести