Од кандидатите кои ги објави лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, само двајца се нови а останатите се актуелни градоначалници кои ќе се тркаат за нов мандат.

Објавил: Владо Марин | 14 јули, 2021 6:48

Заев објави 30 кандидати за градоначалници: Шилегов за Скопје, Николов за Штип, Георгиевски за Охрид, Халими за Арачиново…

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната седница на Извршниот одбор (ИО) на СДСМ, владејачката партија утврди 30 имиња на кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори предвидени за октомври годинава.

Од кандидатите кои ги објави лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, само двајца се нови а останатите се актуелни градоначалници кои ќе се тркаат за нов мандат.

Ново име, во оваа група на кандидати, СДСМ ќе предложи во Пехчево и во Росоман.

Актуелен градоначалник на социјалдемократите во Пехчево е Драган Тренчовски, а на претстојните избори тие ќе го кандидираат Славчо Пандурски. За Росоман, каде во 2017 партијата победи со Бранко Јанев, СДСМ сега ќе го кандидира Стојан Николов. СДСМ вечерва објави кандидат за градоначалник и во Петровец, една од петте општини каде ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори во 2017. Таму ќе се обиде да победи со Елизабета Зеленикова.

Од поголемите градови утврдени се кандидатите на актуелните градоначалници на Скопје – Петре Шилегов, Охрид – Константин Георгиевски и Штип – Сашко Николов, како и на скопските општини Кисела Вода – Филип Темелковски и Бутел – Велимир Смилевски.

Целосната листа со имиња кои се потврдени е следна:

  • Арачиново Миликије Халими;
  • Бутел – Велимир Смилевски;
  • Богданци – Благојчо Шапов;
  • Валандово Перо Костадинов;
  • Босилово Зоран Зимбаков;
  • ВевчаниСашо Јанкоски;
  • Виница – Ивица Димитров;
  • Градско – Роберт Бешовски;
  • Делчево – Горан Трајковски;
  • Демир КапијаЛазар Петров;
  •  Дојран – Анго Ангов;
  • Зелениково – Борче Гиевски;
  • Карабинци – Јордан Насев;
  • Кисела Вода – Филип Темелковски;
  • Конче Благој Илиев;
  • Крушево – Томе Христоски;
  • Маврово и Ростуше Медат Куртовски;
  • Лозово – Ацо Велковски;
  • Новаци – Љубе Кузманоски;
  • Охрид – Константин Георгиевски;
  • Пехчево – Славчо Пауновски;
  • Пробиштип – Драган Анастасов;
  • Петровец – Елизабета Зеленикова;
  • Ресен Живко Гошаревски;
  • Росоман – Стојан Николов;
  • Старо Нагоричане – Жаклина Јовановска;
  • Чашка – Горан Стојановски;
  • Штип – Сашко Николов;
  • Скопје – Петре Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика