СДСМ на синоќешниот Конгрес зад затворени врати ги утврди имињата за кандидатските листи на СДСМ за претстојните парламентарни избори.

Објавил: Владо Марин | 10 март, 2020 7:06

ЗАЕВ ОДЛУЧИ: Eве кои се лицата избрани за кандидатските листи на СДСМ

Фото/Текст извор: ©Biznis vesti

СДСМ на синоќешниот Конгрес зад затворени врати ги утврди имињата за кандидатските листи на СДСМ за претстојните парламентарни избори.

Така во ИЕ 1, ќе бидат Никола Димитров и Мила Царовска. Во ИЕ 2, Оливер Спасовски влегува заедно со Сања Лукаревска. Во ИЕ 3, носител ќе биде Љупчо Николовски заедно со Јагода Шахпаска. Во 4 ИЕ, носител е претседателот на владејачката партија СДСМ – Зоран Заев заедно со Соња Мираковска.

Во ИЕ 5 ќе бидат Радмила Шеќеринска и Јован Митревски, а во ИЕ 6, се Билал Касами и Фаница Николовска.

Дамјан Манчевски е трет на листата на СДСМ во ИЕ 1, а на листата се најдоа и Мери Георгиевска, Даниела Николова и Дарко Каевски.

Мухамед Зекири се најде трет на листата во ИЕ 2, па Славјанка Петровска и Санела Шкријељ. Во третата изборна единица на листата е Сашо Николов, Ненад Коциќ, Марија Ангелова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Рамбабова.

Во ИЕ 4, на листата избрани се Миле Талески, Даниела Колева, Панчо Минов и Лолита Роистова. Во ИЕ 5 на листата се Бисера Костадинова, Лазе Танески, Един Јакуповиќ. Изборната единица 6 е наменета за коалиционите партнери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.