Директорот на АД МЕПСО, Рамадани истакна дека новиот 400/110 киловолтен трансформатор се поставува на местото на стариот кој беше во функција од далечната 1982 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 април, 2021 14:12

Заев од Битола: Инвестираме во стабилен енергетски систем

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Инвестициите во енергетската мрежа се од голема важност за целиот електроенергетски систем и имаат директно влијае на пристапот и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата од овој регион, за малите претпријатија како и за големите индустриски капацитети“, рече премиерот Зоран Заев по повод денешното пуштање во употреба новиот 400/110 киловолтен трансформатор во Трансформаторска станица „Битола 2”, инвестиција на АД МЕПСО која e во висина од 2,4 милиони евра.

Премиерот Заев подвлече дека задоволството е уште поголемо што континуирано се инвестира во енергетскиот сектор во земјава.

Изминатиот период присуствувам на завршени или на отпочнување на нови проекти во областа на енергетиката кои значат помош за економијата, за инвестициите за побрз развој и за подобар стандард. Оваа недела ги потпишавме и договорите за инвестиции во Александруполи со што ја осигуруваме енергетската иднина. Од оваа трафостаница тргнува интерконективниот далекувод кој ја поврзува земјава со Грција, а токму тука, со проширување на последното поле во трафостаницата се подготвува теренот за изградба на интерконекцијата со Албанија, преку далекуводот Битола-Елбасан“, изјави Заев на денешниот настан на кој заедно со Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО ги истакнаа придобивките од инвестицијата која има круцијално значење за целиот електроенергетски систем.

Министерот Бочварски рече дека инвестициите во електро преносниот систем што ги реализираме се само доказ на нашите стратешки одлуки во зајакнување на електро-енергетскиот сектор во Република Северна Македонија.

Овие инвестиции и тоа како се значајни за севкупниот стопански развој на државата. Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција е од огромно значење не само за Битола и Пелагонискиот Регион, туку и за нас како држава и за цел енергетски сектор. Оттука испраќаме јасна порака до сите сегашни и идни инвеститори. Со модернизацијата на оваа Трафостаница, сега нудиме стабилно и редовно снабдување со електрична енергија, a тоа е одговор на нивните потреби”, изјави Бочварски и додаде дека вкупните инвестиции на АД МЕПСО надминуваат 100 милиони евра во сите сегменти од реконструкција и модернизација на трафостаниците до изградба на нови далекуводи.

Директорот на АД МЕПСО, Рамадани истакна дека новиот 400/110 киловолтен трансформатор се поставува на местото на стариот кој беше во функција од далечната 1982 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.